• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украинските сили за противвоздушна одбрана соопштија дека собориле 41 руски дрон, најмалку едно лице загина

Украинските сили за противвоздушна одбрана соопштија дека собориле 41 руски дрон, најмалку едно лице загина

Киев, 2 април 2025 (МИА) - Украинските сили за противвоздушна одбрана соопштија дека синоќа собориле 41 руски дрон, а уште 20 исчезнале од радарот без да предизвикаат штета, објави Укринформ, повикувајќи се на соопштение на украинските воздухопловни сили.

Синоќа во 20 часот по локално време руските сили почнаа да ја напаѓаат Украина. Во нападот се употребени вкупно 74 дронови од типот „Шахед“, се наведува во соопштението на украинските воздухопловни сили.

Во 9 часот утринава е потврдено пресретнувањето на 41 беспилотно летало над Северна, Јужна и Источна Украина. Уште 20 непријателски дронови исчезнаа од радарот. Има извештаи за штети во регионите Харков, Доњецк и Одеса, додава Укринформ.

Украинските власти претходно денеска објавија дека најмалку едно лице загинало во руските напади синоќа, а неколку други се ранети, меѓу кои и бебе и седумгодишно момче, пренесоа агенциите. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан