• среда, 28 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп: Владимир, ЗАПРИ!

Трамп: Владимир, ЗАПРИ!

Вашингтон, 24 април 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп на мрежата „Трут соушл“ (Truth Social) го повика рускиот претседател да запре со нападите врз Киев.

- Не сум задоволен со руските напади врз Киев. Непотребни се и се во многу лош момент. Владимир, ЗАПРИ! Неделно гинат по 5.000 војници. Да го завршиме мировниот договор!, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Русија утрово го нападна Киев со голем број дронови и ракети. Според украинските власти Русија истрелала 215 дронови и проектили, при што загинаа девет лица, од кои шест деца, а 70 се повредени.

Поради рускиот напад врз Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прекина посетата на Јужна Африка. Според него денешниот руски напад е „несомнено еден од најтешките и најтешките досега“. ми/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан