Француските пратеници во прво читање одобрија тексто за правот на помош при умирање

Париз, 27 мај 2025 (МИА) - Во прво читање, француските пратеници го одобрија текстот што отвора можност за стекнување „право на асистирана смрт“, што значи дека таа голема реформа во општеството, за која се зборува веќе неколку години, стигна до одлучувачка фаза, јавија француските медиуми.
Точно 305 пратеници гласаа „за“, а 199 „против“ прашањето во општеството, што го иницираше претседателот Емануел Макрон во 2022 година.
Министерката за здравство, Катрин Вотрин, изрази надеж дека новиот закон ќе може да стапи на сила пред претседателските избори во 2027 година. зш/