• петок, 05 декември 2025

САД го суспендираат процесот на издавање студентски визи

САД го суспендираат процесот на издавање студентски визи

Вашингтон, 27 мај 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска објави суспензија на обработката на студентски визи, јавија американски медиуми.

Деписот,  во кој имаа увид американски медиуми, им наредува на амбасадите и конзулатите да не дозволуваат „дополнителен капацитет за закажување на студентски или визи за размена на студенти... додека не се издадат дополнителни упатства“. 

Tој потег доаѓа во време кога администрацијата на Трамп се обидува да ги засили депортациите и да  поништи студентски визи како дел од своите широки напори за исполнување на неговата тврдокорна агенда за имиграција. зш/

Остани поврзан