• сабота, 21 декември 2024

УЕФА ја казни Барселона за расистичко однесување на навивачите

УЕФА ја казни Барселона за расистичко однесување на навивачите

 

Нион, 27 септември 2024 (МИА) – УЕФА денеска и забрани на Барселона да продава билети на своите навивачи за следниот натпревар на гости во Лигата на шампиони поради расистичко однесување за време на дуелот против Монако.

Надлежното тело на УЕФА, како што е соопштено, ја активираше дисциплинската мерка изречена на 17 април 2024 година поради расистичкото однесување на навивачите на Барселона, односно да ѝ се забрани на Барселона од продавање билети на своите гостински навивачи за следниот натпревар од натпреварување на УЕФА во согласност со член 26(3) од Дисциплинскиот правилник на УЕФА.

Барселона е казнета и со 10.000 евра.

Монако ја победи Барселона со 2-1 на својот стадионот минатата недела. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан