• петок, 05 декември 2025

Поради труење со храна одложен натпреварот Салернитана - Сампдорија

Поради труење со храна одложен натпреварот Салернитана - Сампдорија

 

Рим, 17 јуни 2025 (МИА) – Натпреварот за опстанок во италијанската Серија Б е одложен до недела откако многу играчи на Салернитана добија симптоми на труење со храна на пат кон дома од првиот натпревар против Сампдорија.

Серија Б лигата соопшти дека го прифатила барањето на Салернитана за одложување на реваншот, кој требаше да се игра в петок.

Одлуката е донесена по разгледување на медицинската документација доставена од клубот, како и кривичната пријава поднесена од Салернитана до Обвинителството.

Околу 20 играчи и членови на клупскиот персонал се разболеа во авионот со кој експедицијата на Салернитана се враќаше во Салерно по поразот од Сампдорија со 2-0 во Џенова во неделата во првиот натпревар од плејофот. Салернитана се соочува со можноста втор пат едноподруго да го загуби второлигашкиот статус, додека, пак, од друга страна поранешниот италијански првак Сампдорија се бори да избегне испаѓање во Серија Ц, прв пат во својата 79-годишна историја.ег

ФОТО: ЕПА

 

Остани поврзан