Костадинов потпиша за чешки Сигма Оломуц
- Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов е нов фудбалер на чешкиот прволигаш Сигма Оломуц, каде се пресели од редовите на полски Пјаст Гливице.
Оломуц, 17 јуни 2025 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов е нов фудбалер на чешкиот прволигаш Сигма Оломуц, каде се пресели од редовите на полски Пјаст Гливице.
„Трансферот во Сигма е исчекор во мојата кариера. Чешката лига е меѓу десетте најквалитетни во Европа и сигурен сум дека ќе биде добар предизвик за мене“, изјави 29-годишниот Костадинов за клупскиот сајт на Оломуц.
Костадинов претходно настапуваше и за Дукла, Злате Моравце и Ружомберок, а за националниот тим досега одигра 30 натпревари.
„Тихомир Костадинов е релативно искусен играч од средниот ред, докажан и во меѓународниот фудбал преку настапите во националниот тим и полската лига. Веруваме дека ќе ни биде од корист“, оцени спортскиот директор на Сигма, Ладислав Минар.
Изминатата сезона Сигма го освои шестото место во чешката лига и избори пласман во Лига Европа. ег
ФОТО: ЕПА