Уапсен тинејџер кој планирал напад во железничката станица во Виена
- Австриската полиција уапси 14-годишно момче под сомнение дека планирал напад во железничка станица Вестбанхоф во Виена, јавија денеска австриските медиуми.

Виена, 19 февруари 2025 (МИА) - Австриската полиција уапси 14-годишно момче под сомнение дека планирал напад во железничка станица Вестбанхоф во Виена, јавија денеска австриските медиуми.
Тинејџерот е уапсен на 10 февруари, а во неговиот дом се пронајдени предмети кои сугерираат дека ја поддржува Исламската држава.
Извештајот следи по нападот со нож во јужниот град Филах во саботата, во кој 23-годишен сириски бегалец е осомничен дека убил тинејџер и ранил пет лица.
Како што соопштија австриските власти, момчето се радикализирало откако гледало исламистички видеа на социјалните мрежи. рп/
Фото: МИА архива