Уапсени деветмина ученици во Атина кои фрлиле петарди и предмети во средно училиште и полесно повредиле професорка
- Професорка во средно училиште во Атина е полесно повредена откако група ученици во дворот фрлиле петарди, јајца и разни предмети, по што полицијата привела девет малолетни лица , јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 28 мај 2024 (МИА) – Професорка во средно училиште во Атина е полесно повредена откако група ученици во дворот фрлиле петарди, јајца и разни предмети, по што полицијата привела девет малолетни лица , јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидентот се случил претпладнево во училиште во северниот дел на Атина, а според медиумите, приведените се на возраст од 14 години и не се ученици во конкретното средно училиште.
Причините за нападот, засега не се познати. ср/сд/