Папата Лав XIV изјави дека „богатите и моќните“ го загрозуваат мирот во Камерун
- „Време е да ја испитаме нашата совест и да направиме храбар чекор напред“, им рече првиот американски папа на Бија, премиерот Џозеф Дион Нгуте и на други лидери кратко по пристигнувањето во Камерун од Алжир.
Јаунде, 15 април 2026 (МИА) - Папата Лав XIV денеска ја повика владата на Камерун да ја искорени корупцијата и да се спротивстави на „каприците на богатите и моќните“, во моќен говор во присуство на претседателот Пол Бија, кој ја води земјата од 1982 година.
„Време е да ја испитаме нашата совест и да направиме храбар чекор напред“, им рече првиот американски папа на Бија, премиерот Џозеф Дион Нгуте и на други лидери кратко по пристигнувањето во Камерун од Алжир.
Во невообичаено директниот говор за еден папа одржав во странство, Лав рече дека синџирите на корупција - кои ја нарушуваат владата и ја лишуваат од кредибилитет - мора да бидат скршени за да преовладаат мирот и правдата.
Бија го слушаше говорот без видлива реакција. Неговата влада ги отфрла обвинувањата за корупција и злоупотреба на човековите права и вели дека стабилноста што ја носи му овозможува на Камерун да избегне конфликти какви што се гледаат на други места во регионот, вклучувајќи ја и воено разорената Демократска Република Конго и Централноафриканската Република.
Камерун е поранешна германска колонија која беше поделена од Велика Британија и Франција по Првата светска војна. Во текот на изминатата деценија, илјадници луѓе загинаа во насилство меѓу владините сили и сепаратистичките групи во неговите два региона каде што се зборува англиски.
Папата утре ќе отпатува за Баменда, најголемиот град во Камерун каде што се зборува англиски, каде што ќе одржи миса и „состанок за мир“ во катедралата.
Најголемиот настан од турнејата на папата Лав веројатно ќе се одржи во петок, кога, според Ватикан, се очекува околу 600.000 луѓе да присуствуваат на миса во камерунскиот крајбрежен град Дуала.сд/
фото: ЕПА