• петок, 27 декември 2024

Турција ќе дозволи делегација на ДЕМ да го посети лидерот на ПКК, Оџелан во затвор

Турција ќе дозволи делегација на ДЕМ да го посети лидерот на ПКК, Оџелан во затвор

Анкара, 26 декември 2024 (МИА) – Турција одлучи да дозволи делегација на Партија за еднаквост и демократија на народите (ДЕМ) да го посети лидерот на Курдск работничка партија (ПКК) Абдулах Оџелан во затвор, објави турскиот весник Сабах.

Тоа би била прва посета на Оџелан по речиси една деценија, кој отслужува доживотна затворска казна на островот Имрали.

Предвидено делегација на ДЕМ денеска или утре да го посети Оџелан.

Лидерот на ултрадесничарската Партија за национална акција (МХП), Девлет Бахчели во октомври предложи на Оџелан да му биде дозволено да  се обрати на Парламентот, ако прогласи крај на ППК, што би можело да доведе до негово предвремено ослободување од затвор. По предлогот на Бахчели, Оџелан изјави дека е подготвен за евентуални мировни преговори со Турција, ако бидат создадени услови за тоа.

Оџелан е во затвор од 1999 година, а ПКК е прогласена за терористичка организација во Турција, Европска Унија и во САД.

ДЕМ е трета најголема партија во Парламентот со 57 пратеници, по владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозициската Републиканска народна партија (ЦХП). ми/

фото: Икс

Остани поврзан