• среда, 27 ноември 2024

Турција спаси 58 мигранти во Егејското Море

Турција спаси 58 мигранти во Егејското Море

Анкара, 13 август 2023 (МИА) - Турската крајбрежна стража во текот на ноќта спасила 58 мигранти во Егејското Море.

Како што јави агенцијата Анадолија, тие се нашле во турските води откако го напуштиле грчкиот брег.

Во близина на брегот на областа Сеферихисар во Измир биле пронајдени 45 лица, а 13 од нив во областа Дикили.

Тие се однесени кај локалните миграциски власти за извршување на регуларната процедура. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан