• понеделник, 14 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кобахидзе: Невозможно е да се зборува за обновување на дипломатските односи со Русија во услови на окупација

Кобахидзе: Невозможно е да се зборува за обновување на дипломатските односи со Русија во услови на окупација

Tбилиси, 17 април 2025 (МИА) - Невозможно е да се зборува за обновување на дипломатските односи со Русија во услови на окупација, изјави грузискиот премиер Иракли Кобахидзе во интервју за локалните медиуми.

Според него, „доколку територијалниот интегритет на Грузија биде обновен, тогаш и обновувањето на дипломатските односи со Русија би било логично“.

„Ние немаме свои принципи. Заштитата на националните интереси мора да се заснова на определени принципи. Освен ова, правно е невозможно да разговараме за обновување на дипломатските односи со Русија додека има окупација на грузиски територии. Прашањето за територијалниот интегритет е црвена линија за нас“,  додаде Кобахидзе. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан