• вторник, 26 ноември 2024

Турски државјанин почина по пад при работа на објект во изградба во Центар

Турски државјанин почина по пад при работа на објект во изградба во Центар

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) – Турски државјанин почина откако работејќи на изградба на објект се здобил со телесни повреди.

Работникот Ф.А. (34) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, вчера бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

-Лицето е примено на ургентен, во 18.30 часот, со тешки повреди. Починат е во 19:20 часот. Примен со крварење од уши, реанимиран е четириесетина минути.  Бил паднат од висина од десет метри,  така кажаа од брзата помош што го донесоа, информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Александар Трајановски.

Од МВР соопштуваат дека настанот бил пријавен вчера во 18:40 часот.

-Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од Министерството. свс/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан