• сабота, 22 февруари 2025

ЈП Македонијапат апелира да се отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново

ЈП Македонијапат апелира да се отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново

Скопје, 15 јанаури 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет кој не се задржува на коловозот има на планинските премини Буково и Плетвар и во Крушево, Кочани, Штип и Павлешенци, информира ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира да се отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново поради непречено работа на екипите за расчистување на патиштата.

Дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да се обртатат на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Фото: МИА

 

Остани поврзан