• сабота, 22 февруари 2025

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - Крилото на Зијадин Села на Алијанса за Албанците попладнево преку соопштение нагласија дека претседателот на Собранието Африм Гаши треба да го укине заклучокот по интерлепацијата за пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути.

-Африм Гаши и оние кои влегле во оваа игра го знаат нашиот услов, кој го соопшти и самата пратеничка Илире Даути. Тие мора прво да го укинат неправедниот заклучок и со истите гласови да ја реизберат г-ѓа Даути за претседател, за да може да дејствува слободно, без цензура и без диктат, како што и секој човек заслужува да има загарантирани услови при вршењето на својата работа, се наведува во соопштението на АА.

Посочуваат дека Алијансата за Албанците и Европски фронт стојат зад изјавата на Даути.

-Цениме дека таа ја вршела својата работа одговорно и согласно Деловникот и затоа бараме да се укине заклучокот инициран од Левица, а предложен од Гаши, велат од АА.

Интерпелацијата за претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, поднесена од пратеничката група на Левица, беше изгласана во петокот со 61 глас „за“ обезбедни преку пратениците на Левица, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Албанскиот блок беше против интерпелацијата, додека пак, пратеницте на СДСМ, иако нивен е законот за бранители, излегоа од салата. Потоа, Кабинетот на претседателот на Собранието излезе со соопштение во кое наведе дека интерпелацијата нема правно-обврзувачки последици. фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан