Трка на деца од градинки во Градскиот парк
- По повод Меѓународната недела на здравјето, ЈУ Детски културен центар „Карпош“ денеска ќе организира трка во Градскиот парк за деца од градинки, со порака „Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе придонесат за долг и здрав живот“.
Скопје, 5 април 2024 (МИА) – По повод Меѓународната недела на здравјето, ЈУ Детски културен центар „Карпош“ денеска ќе организира трка во Градскиот парк за деца од градинки, со порака „Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе придонесат за долг и здрав живот“.
Ќе учествуваат деца од градинките од Скопје и околината кои од 11 часот ќе трчаат на тартан патеката во Градскиот парк на 250 метри, во мешана категорија - момчиња и девојчиња.
-Исто така, ќе се трча и штафетно трчање 200 метри, 4 по 50 метри, соопшти ДКЦ „Карпош“. хс/ев/
Фото: Детски културен центар „Карпош“