• сабота, 23 ноември 2024

Трипуновски: Откупувачите на тутун да бидат максимално кооперативни

Трипуновски: Откупувачите на тутун да бидат максимално кооперативни

Скопје, 31 јануари 2024

Во теков на денешниов ден остварив средба откупувачите на тутун кои што се регистрирани во Република Македонија, за кои што на мое барање и проблемите од терен организирав состанок и разговаравме за моменталната ситуација за откупот на тутун за кој што можеме да констатираме дека не е добра, има проблеми во делот на истиот и денешниот разговор е за да се информирам од прва рака од компаниите, кој е нивниот план за да се заврши откупот од реколта 2023 година и на истиот сотанок имав еден предлог, една замолница, до компаниите се со цел да најдеме решение кое што би било прифатливо за тутунарите во наредниов период.

На почетокот сакам да информирам дека компаниите ме информираа дека оние информации кои што се шират на терен дека се прави одредено доплаќање по основ на бонуси и награди према тутунарите дека не е вистина и дека компаниите остануваат на првично дефинирните цени.

Она што јас го упатив како барање, како дополнителен технички министер во рамките на моите можности, до компаниите да бидат максимално отворени, кооперативни, се со цел да ја пребродиме оваа тешка година како тутнопроизводство и предложив првата категорија да биде зголемена, односно цената на првата категорија да биде зголемена за 30 денари, односно цената да изнесува 360 денари, тоа е минималната цена од 360 денари за откупена количина тутун.

На ова мое барање, морам да соопштам, неколку од помалите компании веднаш го прифатија овој предлог за да ја зголемат цената додека поголемите компании кои што се сериозни откупувачи на тутун, во интерес дека нивните менаџерски тимови се надвор од Република Македонија, ќе разговараат уште денес за овој предлог и дека во најскор можен рок ќе ја информираат јавноста, односно тутунарите, дали овој предлог е прифатлив. Јас видов загриженост и од нивната страна дека тутунопроизводството ни е во тешка ситуација, гледаме дека производството од некогашни 30 милиони падна на 15 милиони, меѓутоа она денес го држев како состанок е резултат заради тоа што актуелниот министер, на жалост, требаше многу порано да седне и да ги засука ракавите и ова да го преговара, договара пред самиот почеток на откупот на тутун.

Меѓутоа, мојот интерес, мојот фокус се земјоделците, во конкретниов пример тутунопроизводителите, се со цел да ја пребродат оваа тешка година и да можеме со некои идни и конкретни мерки да ги стимулираме да го враќаме овој стратешки производ на нашите полиња затоа што знаете дека минатата година беше тешка, имаше голема инфлација, зголемени трошоци, инпутите на тутунопроизводителите беа големи, така да килограм произведена количина тутун беше со многу висока цена па овие цени се на прагот на рентабилност и затоа мојата интенција беше заедно со компаниите, бидејќи тоа им го ветив и на тутунарите дека ќе разговарам и ќе се обидам да ги убедам во овој дел. Се надевам дека компаниите ќе имаат чувство на одговорност и дека во наредниве денови ќе излезат со прифатливо решение, она што денеска јас го понудив како барање.

Прес-конференција на техничкиот заменик министер Цветан Трипуновски

фото: ФБ на Цветан Трипуновски

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан