• понеделник, 23 декември 2024

Тренчевска: Со заеднички предлози до системски решенија за подобар живот на сите пензионери

Тренчевска: Со заеднички предлози до системски решенија за подобар живот на сите пензионери

Скопје, 31 август 2023 ( МИА) -  Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска имаше средба со претседателот на Партијата на пензионери, Илија Николовски и претставници од партијата. На средбата се разговараше за актуелните барања на пензионерите за покачување на пензиите, како и потенцијалните решенија кои можат да донесат подобар квалитет на живот на ранливите категории на пензионери, соопшти МТСП.

Од страна на присутните беше потенцирано дека линеарното покачување  ќе ја загрози стабилноста на пензискиот фонд и редовното примање на пензии за 330. 000 пензионери во државата.

-Во периодот којшто следи ќе се креираат социјални мерки кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите со најниски примања и, посветено ќе се работи на Законот за минимална пензија, посочи Тренчевска.

Николовски на министерката и приложи предлози креирани од Партијата на пензионери кои можат да го подобрат квалитетот на живот на пензионерите, додека од страна на министерката беше истакнато дека сетоа тоа  ќе биде разгледано и внесено во материјалите за работа при носењето на решенија за пензиите.

Тренчевска покани претставник од Партијата на пензионерите на првата средба на работната група која ќе работи на Законот за минимална пензија и социјалните мерки, а ќе се одржи на 6 септември.љм/са/

Фото: МТСП

Остани поврзан