Тренчевска: Преку зајакнувањето на дијалогот со сите чинители за користење на ИПА фондовите, до поголеми придобивки за граѓаните
- Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на првиот министерски координативен состанок воден од вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА коо

Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на првиот министерски координативен состанок воден од вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор Бојан Маричиќ, каде беше потврдена посветеноста во процесот на програмирање и користење на ИПА фондовите.
На состанокот се разговараше за важноста на секторските работни групи, формирани за потребите на ИПА и нивното прераснување во форум кој треба да обезбеди оддржливо и долгорочно планирање на националните приоритети во координација со сите чинители.
Министерката информираше дека во насока на зајакнување на механизмот на координација на сите чинители, а посебно со донаторите е развиена едноставна софтверска алатка за прибирање информации за активностите на разните чинители во областите вработување, социјална заштита и Роми. Таа ќе послужи и за мапирање на чинителите, но и за мапирање на интервенциите во пооделните области.
Таа посочи дека секторите и институциите за подготовка на Акциските фишеа за ИПА 2013/2024, се мобилизирани. Во текот на март и април ќе бидат спроведени и консултации со сите заинтересирани страни со цел да се обезбеди подобра координација и да се развијат релевантни проекти.бт/лв/
Како што соопштија од МТСП, на состанокот беше истакната важноста од вклучување на ресорните министри во работата на групите, со што се потврдува посветеноста во процесот на програмирање и користење на ИПА фондовите.
