• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска: Измената на Законот за работни односи за недела неработен ден сè уште не е завршена

Тренчевска: Измената на Законот за работни односи за недела неработен ден сè уште не е завршена
Скопје, 9 февруари 2021 (МИА) - Измената на Законот за работни односи сè уште е во тек, па поради тоа не можам да кажам што точно се регулира со членот од Законот за работни односи, според кој недела ќе се смета за неработен ден, изјави денеска директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска. Таа потенцира дека на измената работат Министерството за труд и социјална политика во координација со социјалните партнери. - Во однос на измените на Законот за работни односи, за регулирање на недела како неработен ден, сакам да истакнам дека измената е во тек, сè уште не е конечен предлогот и затоа не можам да кажам што ќе регулира тој член од Законот за работни односи, а во самиот предлог ќе биде даден начинот на кој Државниот инспекторат за труд ќе ги врши контролите за почитување на оваа одредба од Законот, изјави директорката на државниот инспекторат. Тренчевска информира дека досегашните извештаи со кои располага Државниот инспекторат за труд покажале дека во најголем дел се почитува исплатата за додаток за време на празник и додаток за прекувремена работа, односно дека мал е бројот на работодавачи кои не го почитуваат оваа право на работниците. Додаде дека досега контролите се вршеле со увид во исплатите на работниците кои работат за време на државен празник или прекувремено, така што од исплатните листи можело да се види дали е исплатен додатокот за работа за празник или прекувремена работа. свс/скс/

Остани поврзан