Тренерот на Лион, Саж поднесе оставка
- Тренерот на Лион, Пјер Саж, ја напушти функцијата, објави официјалниот сајт на францускиот фудбалски клуб.
Лион, 28 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Лион, Пјер Саж, ја напушти функцијата, објави официјалниот сајт на францускиот фудбалски клуб.
Заедно со 45-годишниот Французин, клубот од Лион го напушти и целиот стручен штаб.
Лион по 19 кола се наоѓа на шестото место на првенствената табела, со 30 бодови.
Седумкратниот шампион на Франција, пред неколку месеци се соочуваше со банкрот и закана за исфрлање од Лига 1. Тешката финансиска ситуација се одрази и на резултатите на тимот. зс/
Фото: ЕПА