• четврток, 26 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп: Мелони остави „фантастичен“ впечаток за време на посетата на Белата куќа

Трамп: Мелони остави „фантастичен“ впечаток за време на посетата на Белата куќа

Вашингтон, 18 април 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази својот ентузијазам за италијанската премиерка Џорџа Мелони по нејзината посета на Белата куќа, објавувајќи на својата платформа Truth Social дека „впечатокот што таа го остави кај сите беше фантастичен!!!“

Трамп рече дека Мелони „вчера беше одлична во нејзината посета на Белата куќа“, истакнувајќи ја нејзината љубов кон својата земја, пренесе ДПА.

Белата куќа соопшти дека Трамп ја прифатил поканата од Мелони да допатува во официјална посета на Италија „во многу блиска иднина“.

Потпретседателот на Трамп, Џеј-Ди Венс, моментално е во Рим.

Мелони вчера се сретна со Трамп во Овалната соба, а двајцата беа видно расположени и се шегуваа за време на заедничката прес-конференција.

Италијанската премиерка ги истакна сличностите меѓу двете влади, додека Трамп високо ја пофали Мелони.

На билатералната дискусија станало збор и за царините.

Како и многу други европски лидери, Мелони ја критикуваше најавата на Трамп за нови казнени царини додека се стреми кон добри односи со американскиот претседател, со цел да дејствува како „градител на мостови“.

По средбата, Белата куќа соопшти дека „САД и Италија се согласуваат да работат за да обезбедат дека трговијата меѓу САД и Европа е заемно корисна, правична и реципрочна“.

Мелони се смета за еден од омилените контакти на Трамп меѓу европските лидери.

Лидерката на десничарската партија Браќа на Италија присуствуваше на инаугурацијата на Трамп во јануари и беше гостинка во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан