Израел ја прогласи Централната банка на Иран за терористичка организација
- Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска потпиша посебна наредба со која Централната банка на Иран е прогласена за терористичка организација.
Тел Авив, 25 јуни 2025 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска потпиша посебна наредба со која Централната банка на Иран е прогласена за терористичка организација.
Кац рече дека ја потпишал наредбата на барање на Мосад и на израелскиот национален штаб за економско војување, со цел „да се погоди јадрото на системот за финансирање на иранскиот терористички режим“.
„Иранската централна банка е канал што насочува милијарди долари кон убиствен тероризам. Ќе удриме во местата што најмногу му штетат на режимот на ајатолахот, кој го финансира тероризмот на Хезболах, Хутите, шиитските милиции во Ирак, Хамас и во Јудеја и Самарија (окупираниот Западен Брег) преку Револуционерната гарда“, објави тој на мрежата Икс.
Кац рече дека „ниту еден елемент од режимот“ не е имун и дека Израел ќе продолжи да дејствува против заканата од иранската „оска на злото“. рп/
Фото: МИА архива