• сабота, 22 март 2025

Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон

Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон

Вашингтон, 22 март 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина заштитата од државната безбедност на неговите противкандидатки во двете претседателски изборни кампањи што ги доби - поранешната американска потпретседателка Камала Харис и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која беше и прва дама, пренесуваат медиумите во САД.

Трамп претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо Бајден, како и правото на заштита од Тајната служба за децата на Бајден – Хантер и Ешли.

Трамп се соочи со Хилари Клинтон во претседателската кампања во 2016 година, а минатата година се натпреваруваше со Камала Харис, која го замени Бајден како кандидат на Демократската партија во трката за претседател на САД.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан