• недела, 23 март 2025

Тринаесет повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане

Тринаесет повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане

Париз, 22 март 2025 (МИА) - Најмалку 13 лица се повредени денеска во јужен Париз кога дошло до судир при потера меѓу три полициски возила по автомобил кој одбил да застане, јавија француските медиуми.

Меѓу повредените има 10 полицајци, возачот и двајца сопатници во автомобилот.

Возачот на автомобилот одбил да застане во 14-тиот арондисман во Париз околу 5:45 часот, дознава француската телевизија БФМ од полициски извор.

Полицијата потоа го бркала во 15-тиот арондисман и возачот конечно бил уапсен по судир со три полициски возила.

Уапсени се и двајца патници во автомобилот.

Полицајците се полесно повредени и сите се пренесени во болница со релативно полесни повреди, а во болница се пренесени и три лица кои се наоѓале во автомобилот со повреди кои не се опасни по живот.

Судските истражни органи ќе спроведат истрага. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан