• петок, 22 ноември 2024

Тошковски: Полициското одделение во Шуто Оризари треба да стане полициска станица 

Тошковски: Полициското одделение во Шуто Оризари треба да стане полициска станица 

Скопје, 8 април 2024 МИА) –  Полициското одделение во општината Шуто Оризари треба да прерасне во полициска станица како организациска единица затоа што бројот на жители соодветствува на потребите на работа на една полициска станица, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој тоа го констатирал во разговор со полициските службеници од одделението во оваа општина.

Тие го информирале за проблемите што ги имаат во секојдневното работење, од технички и од човечки аспект кои, рече Тошковски, се утврдени и во речиси сите полициски одделенија и станици. 

-Бројот на полициски службеници овде не е на задоволително ниво согласно утврдена систематизација. Фактите што имав можност да ги констатирам скоро во сите полициски одделенија и полициски станици ги констатирав и овде. Има проблеми во делот на човечки и технички ресурси итн., рече Тошковски.

Неговата посета на полициското одделение во Шуто Оризари беше по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Министерот на Ромите во државава им посака да го поминат празникот во убаво расположение и добра атмосфера. хс/ар/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан