• сабота, 05 октомври 2024

Тошковски на средба со Бомгартнер: Со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома

Тошковски на средба со Бомгартнер: Со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска имаше работна средба со францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер.

На средбата, како што информира МВР, министерот Тошковски имаше можност да ги презентира програмските цели на новата Влада и приоритетите дефинирани во Министерството за внатрешни работи, меѓу кои бескомпромисната борба со организираниот криминал и корупција, планот за реорганизација на управните служби и новата систематизација на работните места, промената на системот за обука, со акцент на континуираните обуки, дигитализацијата на министерството и процесите.

- Точно знаеме што сакаме, имаме искуство и желба со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома, потенцираше министерот Тошковски.

Амбасадорот Бомгартнер, како што се наведува, ја изрази својата увереност во јасните идеи за перспективите на државата, потенцирајќи ја важноста на безбедносните прашања и безбедноста како фундаментално право.

- Бомгартнер даде силна поддршка во делот за сите потребни обуки на полициските службеници, потсети дека десет француски полициски службеници веќе учествуваат во операцијата на Фронтекс и се грижат за безбедноста на нашата јужна граница и изрази уверување дека заемната соработка и поддршката ќе продолжат и само ќе се интензивираат, се вели во соопштението од МВР. мд/са/

Фото: МВР

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан