• вторник, 24 декември 2024

Тиквешани со подигање на децата на куќниот праг го одбележуваат денешниот празник Игнатовден

Тиквешани со подигање на децата на куќниот праг го одбележуваат денешниот празник Игнатовден
Кавадарци, 2 јануари 2022 (МИА) - Внимавајте, денеска е Игнат подигнат, велат жители на Тиквешко за МИА. Тие појаснуваат дека во Тиквешијата се верува дека тоа што ќе го правите денеска, ќе го правите целата година. Затоа многумина од нив, како што самите кажуваат, прават низа добри и корисни работи, за добри и корисни работи да им се случуваат во наредните денови од 2022 година.
На овој ден, родителите ги подигнуваат своите деца на куќниот праг, за да раснат здрави и среќни. Еден од нив е и Аце Миревски од росоманско Трстеник, кој секоја година ја почитува оваа непишана традиција. Татко е на три деца.
- Така е отсекогаш, адетот се пренесува од дедовци на внуци. Освен што традиционално се собира семејството на овие новогодишни празници, подигнувањето на децата на куќниот праг е и своевидна забава за сите, нагласува Миревски.
Според свештени лица од МПЦ-ОА Кавадарци, кои ги консултираше МИА,  Игнатовден е христијански празник кој  претставува еден од поголемите празници, проследуван со многу обичаи и суеверија. свд/фф/

Остани поврзан