• петок, 26 јули 2024

Тејлор Свифт сликана со ново момче

Тејлор Свифт сликана со ново момче

Њујорк, 16 мај 2023 (МИА) - Откако пejaчката Тејлор Свифт раскина со долгогодишното момче Џо Алвин, продолжуваат гласините за тоа која е нејзината нова љубов, а се чини дека таа веќе веројатно и не ја крие својата љубов.

Имено, поп-ѕвездата е снимена како го напушта студиото „Електрик лејди“ во Њујорк со британскиот музичар Мети Хили - насмеана.

Папараците ги снимиле доцна навечер, а музичарите побрзале до автомобилот којшто ги чекал пред студиото. Како што пренесуваат западните медиуми, на сликата, „Свифт се смешкала, а Хили замижал“ бидејќи му пречеле блицовите.

До неодамна се говореше дека Свифт е во врска со Фернандо Алонсо. Возачот на Формула 1 објави неколку видеа коишто ги поттикнаа гласините за нивната врска. Во едната снимка, нејзината хит-песна „Карма“ беше пуштена во позадина, па некои обожаватели се убедени дека видеото снимено во вежбалница навестува наводна врска.  си/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан