• петок, 08 ноември 2024

Тен Хаг: Не размислувам за отказ, летото решивме да останеме заедно

Тен Хаг: Не размислувам за отказ, летото решивме да останеме заедно

Манчестер, 30 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, одговори на прашање за негов евентуален отказ по вчерашниот пораз од Тотенхем (0:3) во натпреварот од 6. коло на Премиер лигата.

- Не размислувам за тоа. Во лето сите решивме да останеме заедно, косопственици и менаџмент. По јасна анализа, решивме што треба да подобриме како организација и како да изградиме тим. Сите одлуки ги носиме заедно, знаејќи дека ќе потрае некое време. Сите сме на иста бранова должина, во ист брод: сопственици, управа, персонал и играчи, изјави Тен Хаг за „The ​​Mirror“.

Тотенхем (10 бодови) се искачи на осмото место во Премиер лигата. Манчестер јунајтед (7) е 12-ти во поредокот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан