• вторник, 26 ноември 2024

Талибанците најавија враќање на авганистанските девојчиња во училиште

Талибанците најавија враќање на авганистанските девојчиња во училиште
Кабул, 21 септември 2021 (МИА) - Авганистанските девојчиња ќе можат да се вратат на училиште што е можно поскоро, изјави денеска портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид.
„Ги завршуваме работите. Тоа ќе се случи што е можно поскоро“, рече портпаролот.
Во саботата талибанците ги повикаа момчињата да се вратат во средно училиште, но не и девојчињата. Ова предизвика немир кај авганистанското население, кое се плаши од враќање на талибанскиот режим во 1990 -тите.
Талибанците денеска назначија нови министри и со тоа го завршија формирањето влада во која нема жени.
Министерски позиции добија личности кои се истакнале во изминатите 20 години во борбата против САД и нивните сојузници. паг/
     

Остани поврзан