Брнабиќ: Опозицијата сака граѓанска војна; Опозицијата тврди дека вчерашната седница на Собранието ја покажала кризата во која се наоѓа државата
Белград, 26 ноември 2024 (МИА) - Претседателката на Парламентот на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека претставниците на опозицијата сакаат граѓанска војна, а владејачката коалиција, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ сакаат работата и просперитет на Србија со цел да се подобрат стандардите на сите граѓани на Србија.
Брнабиќ за РТС изјави дека штетата направена вчера во Народното собрание ќе чини многу, и ќе даде се од себе таа штета да ја понесе опозицијата на чело со Драган Ѓилас.
Пратеникот на Зелено-левиот фронт Радомир Лазовиќ денеска изјави дека вчерашната седница на Собранието ја покажала политичката криза во која се наоѓа државата и потсети дека опозицијата сакала на дневен ред да се расправа за смена на Владата, што владата го одбила.
„Тие одбија да ја стават промената на власта на дневен ред. Кога имате трагедија (во Нови Сад), нормално е да зборувате за тоа. Ако сакаа да ги смират тензиите, тие први ќе предложеа разговор“,изјави Лазовиќ за ТВ Нова, пренесе Бета.
Тој додаде дека опозицијата прави се што може и треба да му пружи отпор на режимот во Собранието, во институциите и на улица. Тој ги повика граѓаните каде што можат да ја испратат пораката „Рацете ви се крвави“ до режимот.
Брнабиќ рече дека гласањето во Парламентот за буџетот за 2025 година најверојатно ќе се организира утре. зш/