Министрите на Г7 за итен прекин на огнот во Либан и дипломатско решение
- Шефовите на дипломатиите на земјите од Г7 денеска изразија поддршка за „актуелниот прекин на огнот меѓу Израел и либанското движење Хезболах“ и додадоа дека „е време да се постигне дипломатско решение“ во Либан.
Рим, 26 ноември 2024 (МИА) - Шефовите на дипломатиите на земјите од Г7 денеска изразија поддршка за „актуелниот прекин на огнот меѓу Израел и либанското движење Хезболах“ и додадоа дека „е време да се постигне дипломатско решение“ во Либан.
„Ги поддржуваме тековните преговори за итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах“, рекоа министрите на Г7 во последната изјава објавена по нивниот состанок во близина на Рим.
Најавата на Групата седум индустриски развиени земји (Г7), која ги вклучува Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД, доаѓа додека израелскиот безбедносен кабинет треба да се состане денеска за да разговара за предложениот прекин на огнот.
Американските власти напоменаа дека постигнувањето договор е блиску, но во исто време повикаа на претпазливост.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска предупреди дека неговата земја ќе „употреби сила“ доколку се прекрши договорот. паг/
Фото: ЕПА