• среда, 27 ноември 2024

Украински ВВС: Русија нападна со „рекордни“ 188 дронови во текот на ноќта

Украински ВВС: Русија нападна со „рекордни“ 188 дронови во текот на ноќта

Киев, 26 ноември 2024 (МИА) - Русија изврши рекорден број напади со беспилотни летала во текот на ноќта над Украина, оштетувајќи згради и „критична инфраструктура“ во неколку региони, соопштија денеска од украинските ВВС.

„За време на ноќните напади, непријателот лансираше рекорден број беспилотни летала Шахед и неидентификувани беспилотни летала“, соопштија военото воздухопловство.
Тие прецизираа дека Украина била нападната во текот на ноќта со 188 дронови. зш/

Остани поврзан