• вторник, 21 април 2026

Сѐ е подготвено за натпреварот Олимпијакос – Охрид (Фото)

Сѐ е подготвено за натпреварот Олимпијакос – Охрид (Фото)

Атина, 29 март 2026 (МИА) – Спортската сала „Јанис Котакис“ во атинската населба Илиуполи е подготвена за првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп меѓу ГРК Охрид и домаќинот Олимпијакос, јави дописничката на МИА од Атина.

Салата со капацитет да прими до 1.500 гледачи, не е целосно исполнета, а присутна е група од околу 100 навивачи на домашниот тим со маици, шалови и знамиња на „црвено-белите“.

За првиот четвртфинален натпревар од двата тима рекоа дека се максимално подготвени и ќе го дадат својот максимум.

Натпреварот е во 16 часот по македонско, односно 17 часот по локално време.ср/

Фото: МИА

Остани поврзан