• понеделник, 23 декември 2024

Судскиот совет објави нов оглас за избор на член на Советот од редот на врховните судии

Судскиот совет објави нов оглас за избор на член на Советот од редот на врховните судии

Скопје, 13 септември 2023 (МИА) – По вториот неуспешен оглас, Судскиот совет одлучи да распише трет оглас за избор на член на Советот од редот на врховните судии.

На денешната, 454. седница, Советот информираше дека на вториот оглас не се пријавил никој од редот на врховните судии по што повторно донесе одлука за објавување на Оглас за избор на 1 (еден) член на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ.

Од редот на врховните судии во Судскиот совет претходно беше судијката Мирјана Радевска-Стевкова, која даде оставка поради случувањата во Советот за кои во јавноста имаше многу реакции.

Потоа, на првиот оглас по оставката на Радевска-Стевкова, беше избран судијата Наќе Георгиев кој мораше да поднесе оставка на денот на заклетвата во Собранието, бидејќи во истиот момент неговиот син требаше да биде избран за судија, по што беше пуштен нов оглас на кој што не се пријави никој.

На седницата на Советот денеска беше разгледан и извештаjот од работна посета на Апелационен суд Штип со предлог за донесување одлука за објавување Оглас за избор на судии во овој суд.

Останува да се разгледаат ивештаите од работни посети на  Управен суд, Aпелационен суд Скопје, Основен суд Кавадарци, Основен суд Куманово и Основен суд Струмица како и разгледување на Одлуки на Управен суд.

За денешната седница е предвидено и да се формира Комисија на известители по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и донесување на Одлука за измена на член на Комисија на известители по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд. ар/ац/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан