• петок, 26 јули 2024

Судан: Пожари во 72 села минатиот месец користени како оружје во војната

Судан: Пожари во 72 села минатиот месец користени како оружје во војната

Каиро, 13 мај 2024 (МИА) - Подметнување пожар стана ново оружје во војната во Судан, каде што минатиот месец најмалку 72 села или населби се уништени или оштетени на овој начин, наведува „Судански сведок“, организација за човекови права со седиште во Велика Британија.

Паравоените „Сили за брза поддршка“ често користеа оган, палејќи цели села, особено во западниот регион на Судан - Дарфур.

Во извештајот на хуманитарната организација не се наведува дали има жртви.

Во својата анализа, Центарот за информациска отпорност процени дека 31 село и населено место биле зафатени од пожари во април, со стапка на уништување од над 50 проценти.

Во анализата на „Судански сведок“ се наведува дека за време на војната во Судан повеќе пати биле подметнати пожари во најмалку 51 населба за раселени лица.

Истражувачите ги засноваа своите наоди на употребата на сателитски снимки и податоци на НАСА за следење на јавните пожари.

Судан е зафатен со насилство од средината на април 2023 година, кога тензиите меѓу официјалната армија предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) под команда на генералот Мохамед Хамдан Дагало прераснаа во отворени борби.

Според последните податоци на ОН, речиси 10 милиони луѓе се раселени во Судан поради борбите, од кои 4,3 се внатрешно раселени, а 1,2 милиони побегнале во соседните земји. Агенцијата за бегалци на ОН вели дека во Судан има „незамислива“ хуманитарна криза.

Во конфликтот загинаа меѓу 10.000 и 15.000 луѓе, а повеќе од 12.000 беа ранети, според Обединетите нации, а активистите и медицинските групи во земјата велат дека вистинската бројка на жртви е многу поголема. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан