Суданската војска ги опколила аеродромот во Картум и околните области
- Суданската армија ги опколи аеродромот во Картум и околните области, што претставува нов развој на двегодишниот конфликт меѓу армијата и паравоените Сили за брзо дејствување (РСФ), изјавија два воени извори.

Картум, 26 март 2025 (МИА) - Суданската армија ги опколи аеродромот во Картум и околните области, што претставува нов развој на двегодишниот конфликт меѓу армијата и паравоените Сили за брзо дејствување (РСФ), изјавија два воени извори.
Армијата во петокот ја зазеде претседателската палата во центарот на Картум и долго време беше во дефанзива, но неодамна постигна напредок и ја врати територијата што претходно ја зазеде РСФ во централниот дел на земјата.
РСФ главно ги стационираше своите сили во јужен Картум за да обезбеди повлекување од главниот град преку мостовите кон Омдурман.
Војната избувна пред две години, кога земјата планираше транзиција кон демократско владеење. Војската и РСФ соработуваа откако го соборија Омар ал-Башир од власт во 2019 година, а подоцна и цивилната влада. рп/
Фото: ЕПА