• среда, 02 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шест Палестинци, вклучувајќи три жени, загинаа во израелски воздушни напади во северниот дел на Појасот Газа

Шест Палестинци, вклучувајќи три жени, загинаа во израелски воздушни напади во северниот дел на Појасот Газа

Газа, 29 март 2025 (МИА) - Шест Палестинци, меѓу кои три жени, загинаа денеска во израелски воздушни напади врз неколку области во северниот дел на Појасот Газа, јави палестинска новинска агенција.

Локалните медиуми објавија дека израелски воени авиони погодиле шатор во кој се сместени раселените семејства во рамки на комплексот на Управата за социјално осигурување и пензии, што се наоѓа западно од градот Газа. Во нападот загинаа три жени, а останатите се повредени.

Тројца Палестинци загинаа, а неколку други се повредени кога израелските сили гаѓаа група цивили во градот Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан