• вторник, 24 декември 2024

Субвенции за вештачко ѓубре најверојатно ќе има и оваа година, најави Ковачевски

Субвенции за вештачко ѓубре најверојатно ќе има и оваа година, најави Ковачевски

Скопје, 31 август 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека и оваа година најверојатно ќе се обезбедат субвенции за вештачко ѓубре во земјоделството.

Целта е, како што рече Ковачевски, да се обезбедат цени на производите соодветни за нашиот пазар и за стандардот на граѓаните.

Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој во време на криза да печали на грбот на граѓаните, рече денеска премиеррот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со пос

-Русија заедно со скандинавските земји е најголем производител на вештачки ѓубрива. Берзанските цени на ѓубривата се значително, драматично покачени, а без доволно вештачко ѓубре приносите во земјоделството се намалуваат за 50 отсто. Зголемени се цените и на другите препарати. Најголем дел од нив доаѓаат од производствени капацитети кои користат нитрати, а нитратите се добиваат со помош на гас кој доаѓа од Русија. Поради прекинот на Северен тек, но и поради санкциите, а фабриките доминантно се скандинавски, намалено е производството на вештачки ѓубрива. Ние и тој дел го помогнавме минатата година, вештачките ѓубрива ги субвенциониравме. Истото ќе го направиме веројатно и оваа година за да може да обезбедиме цени кои ќе бидат адекватни на нашиот пазар и на стандардот на нашите граѓани. На тоа постојано се работи, нагласи премиерот по посетата на новата градинка во Карпош. мч/аа/

фото: МИА и МИА архива

 

 

 

Остани поврзан