• петок, 21 февруари 2025

Студен бран со снег ја зафати земјава

Студен бран со снег ја зафати земјава

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) - Од утринава во Скопје врне снег, а според прогнозата на синоптичарите денеска во главниот град ќе има повремени врнежи од дожд и снег и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде максиум до шестиот степен. 

Снег врне и во останатите делови од државата, а според утринските информации од Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу снег има на Попова Шапка каде висината на снежната покривка е 29 сантиметри по што следуваат Маврови Анови со седум сантиметри и Крива Паланка со еден сантиметар.

null

Од утре веќе се очекува намалување на облачноста, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури. 

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда засилен северен ветер. Од среда облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под -10 степени. 

Во прилог фотогалеријата направена утринава од фоторепортерите на МИА

Фото: МИА

null

null

null

null

 

 

 

 

Остани поврзан