• понеделник, 23 декември 2024

Стоилковски: Итни неотповикливи оставки од директорите и членови на раководните тела на М-НАВ

Стоилковски: Итни неотповикливи оставки од директорите и членови на раководните тела на М-НАВ

Скопје, 5 јануари 2024

ДУИ и СДС вчера си го покажаа лажното проевропското лице.

Вчера ДУИ делеше европски тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС!

Беким Незири, предводник на тепачите, не е случаен човек, туку познат висок функционер на ДУИ.

Невозможно е тој да влезе на тој начин во М-НАВ без знаење и поддршка на директорите од ДУИ, од партиското раководство и секако од власта.

Јавно, додека таму стојат новинари, дури се држи прес конференција, силеџии на ДУИ, влегуваат да тепаат, вратите им се отвораат, а до сега никој не е уапсен, и нема ниедна оставка?

ОВА е вистинското лице на коалицијата што се затскрива зад лажни европски вредности!

Уште повеќе лажна поевропска е причината;   ДУИ веројатно во име на владата пушта тепачи во авиоконтрола, затоа што на оглас за работа не влегле партиските неспособни кадри. И ДУИ, од европската коалиција, пушта тепачи, а министерот од СДС, неспособниот Бочварски,  од проевропската коалиција, уште молчи. Уште молчи и Оливер Спасовски, министер за полиција. Тепачи влетуваат во контролна кула, тепале вработени во контрола за летање, а наместо итна акција на специјалните сили, нема полициска акција за расчистување на случајот.

Почитувани, се помалку од итно приведување на Беким Незири ќе е гола соработка со тепачите. Бараме итни неотповикливи оставки од директорите и членови на раководните тела на М-НАВ, како и оставка од неспособниот Благој Бочварски!

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме.

Одговор на новинарско прашање

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на Арсовска за формирање на партија истакна дека Арсовска треба прво да сработи нешто за скопјани наместо да се надева на потписи од ДУИ и СДС.

„Прво Данела Арсовска нека сработи нешто за скопјани наместо да се надева на потписи од ДУИ и СДСМ за формирање на партија“ нагласи Стоилковски.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан