• четврток, 26 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд

Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Во деновите од продолжениот велигденски празничен викенд времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Само утре ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно време со локален дожд и грмежи, особено претпладне, соопшти УХМР.

Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и грмежи.

Минималните утрински температури ќе се спуштата до пет степени, а максималните дневни ќе достигнат 26 степени./

Фото: МИА

Остани поврзан