• среда, 12 март 2025

Средба Николоски - Купка: Создаваме услови за зголемување на економската и трговска соработка

Средба Николоски - Купка: Создаваме услови за зголемување на економската и трговска соработка

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во рамки на работната посета на Чешката Република остварил средбa со Мартин Купка, министер за транспорт на која биле потврдени добрите билатерални односи меѓу двете земји, a се разговарало и за реализација на транспортните политики и можноста за соработка меѓу двете земји.

Вицепремиерот Николоски, како што соопшти Министерството за транспорт, истакнал дека како земја која се стреми за влез во ЕУ, фокусирани смe на развој на сите видови транспорт долж европската транспортна мрежа со што даваме придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.

Двајцата министри ги отвориле прашањата за соработка во делот на транспортот и инфраструктурата, потенцирајќи дека европските искуства и практики се значајни за реализација на капиталните проекти.

Вицепремиерот Николоски потенцирал дека земјава  има конкуретна позиција во регионот каде нуди исклучително добри услови за инвестирање и ги повикал чешките компании да ги истражат инвестициските можности.
 
Двајцата министри изразиле задоволство од дводневните работни средби и се согласиле на интензивирање на соработката посебно во делот на економијата и инвестициите. дма/бак/

Фото:  Министерство за транспорт

Остани поврзан