• вторник, 24 декември 2024

Средба на претседателот на Собранието Џафери со црногорскиот министер за малцински права Ѓека

Средба на претседателот на Собранието Џафери со црногорскиот министер за малцински права Ѓека

Скопје, 30 март 2023 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска го прими црногорскиот министер за човекови и малцински права, Фатмир Ѓека, со кого констатирале дека добрите меѓусебни односи можат да се подигнат на повисоко ниво и да се прошират со динамизирањето на контактите на билатерален, регионален и мултилатерален план.

- Процесот на интеграција во Европската унија беше оценет како одлична шанса за размена на мислења и искуства за подобрување на можностите на двете земји на патот кон ЕУ.Претседателот Џафери го запозна високиот гостин со процесот на подготовка на уставните измени во кои треба да се вклучат сите политички сили, за да наесен се исполни условот за натамошно продолжување на преговорите, соопшти собраниската прес-служба.

Министерот Ѓека, од своја страна, зборувал за состојбата во Црна Гора во врска со човековите права, за односите со соседите и земјите од регионот, како и за актуелните претседателски избори таму.

На средбата присуствувала и Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците, а гостите биле информирани и за надлежностите, структурата и работата на овој Комитет.лв/цр/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

 

Остани поврзан