• сабота, 21 декември 2024

Средба на пратеникот Сашо Донев со јапононскиот амбасадор Оцука Казуја

Средба на пратеникот Сашо Донев со јапононскиот амбасадор Оцука Казуја

3 октомври 2024

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, Сашо Донев оствари средба со амбасадор на оваа земја во Скопје, Оцука Казуја. 

Пратеникот Донев и амбасадорот Казуја разменија мислења за досегашната соработка и за јапонската поддршка за нашата земја во повеќе области, како и за можностите за продлабочување на односите. 

Донев ја истакна поддшката од Јапонија за неколку значајни проекти во  Охрид и нагласи дека, како претседател на ПГ за соработка меѓу парламентите на двете земји, ќе направи се за продлабочување и интензивирање на соработката. 

Амбасадорот Казуја го реафирмира интересот на Јапонија за продолжување и продлабочување на односите со Северна Македонија, посочувајќи дека е запознаен со сите битни процеси во земјава, како членка на НАТО и аспирант за членство во  ЕУ. 

Присутни на средбата беа и пратениците Илир Хасани и Пеце Милевски – членови на ПГ за соработка на Собранието на РСМ со Парламентот на Јапонија. 

Соговорниците поконкретно се осврнаа и на поддршката од Јапонија, како еден од најголемите билатерални донатори во нашата земја во областа на образованието и здравството, преку проектите за техничка соработка, грантови и донации. Исто така, беа разгледани можностите за привлекување инвеститори во делот на технологијата и енергетиката. 

Со оглед на тоа што годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји, пратениците ја поздравија иницијативноста на амбасадорот Казуја за достојно одбележување на јубилејот, преку културни активности, со што се придонесува за меѓусебно приближување и запознавање на граѓаните на двете држави.

Собрание на Република Северна Македонија

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан