• вторник, 24 декември 2024

Средба Муцунски – Јодер во Вашингтон: Реафирмирана силната поддршка од САД за нашето членство во ЕУ

Средба Муцунски – Јодер во Вашингтон: Реафирмирана силната поддршка од САД за нашето членство во ЕУ

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на Конференцијата на глобалната коалиција за борба против ИСИС, се сретнал со Брандон Јодер, заменик помошник секретар на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот при американскиот Стејт Департмент.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата станало збор за борбата против корупцијата и поддршката на САД во делот на владеењето на правото, што е меѓу приоритетите во рамките на Стратешкиот дијалог. Министерот Муцунски, се додава, изразил благодарност за континуираната поддршка за демократски процеси во земјава.

-Високо ја цениме одлука на американската Влада за зголемување на фондовите за меѓународна контрола на наркотици и спроведување на законот, со посебен фокус на развојните програми за граѓанска безбедност и спроведување на законот, како и за владеење на правото, истакнал министерот Муцунски на средбата.

Воедно, се посочува, соговорниците ја истакнале потребата од забрзување на евроинтегративниот процес на земјава.

-Во таа смисла, беше реафирмирана силната поддршка од САД за нашето членство во ЕУ. Поздравено беше и силното сојузништво во рамки на НАТО, поддршката за Украина, како и континуираните заеднички заложби за справување со глобалниот тероризам и современите безбедносни предизвици, стои во соопштението. вг/ац/

Фото: МНРНТ

Остани поврзан