• сабота, 23 ноември 2024

Средба за соработка во туризмот помеѓу Северна Македонија и Турција

Средба за соработка во туризмот помеѓу Северна Македонија и Турција
Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) - Под покровителство на Стопанската комора на Македонија и Турција МАТТО и збратимената Стопанскa и индустриска комора на Фетије, ФТСО денеска во Скопје ќе се одржи работна средба за соработка во областа на туризмот помеѓу Република Северна Македонија и Фетије, Република Турција. Работилницата, според организаторите, е во рамките на предвидените заеднички активности содржани во меморандумот за збратимување на двете комори, а целта на овој настан е воспоставување на соработка помеѓу членките на коморите и туристичките агенции од двете земји. -Ќе бидат претставени туристичките потенцијали на Македонија која располага од одлични услови за планински, зимски, езерски и рурален туризам и туристичките потенцијали на регионот Фетије, како еден од најатрактивните туристички региони во Турција. Искористувајќи ги сите овие потенцијали на нашите две земји и создавајќи нови мостови на соработка ќе ги унапредиме уште повеќе нашите трговски и економски односи. Со учеството на претставниците на аеродромскиот оператор во Скопје, ТАВ Македонија и аеродромот YDA Даламан се очекува реализација и воспоставување на авиолинија Скопје - Даламан, појаснуваат од МАТТО. Настанот ќе го отвори претседателот на УО на МАТТО, Ајдован Адемоски, а поздравно обраќање ќе има  и претседателот на УО на ФТСО, Осман Чирали. Предвидени се презентации за состојбата во турзимот и анализа на можностите за развој од страна на двете комори, како и Б2Б средби на членките. бк/са/    

Остани поврзан