• сабота, 23 ноември 2024

Средба за предложениот собраниски Деловник од дијалогот „Жан Моне“

Средба за предложениот собраниски Деловник од дијалогот „Жан Моне“
Скопје, 6 мај 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски и координаторите на пратеничките групи од утре до понеделник ќе го разгледуваат последниот предлог Деловник по одржаниот трет дијалог „Жан Моне“ во Собранието. Како што информира собраниската прес-служба, усогласениот предлог потоа на следниот „Жан Моне“ дијалог ќе се разгледува во полн состав на работната група за учество на дијалогот „Жан Моне“ и европратениците. Работниот викенд ќе се реализира во Маврово, ќе се почитува концептот на дијалогот „Жан Моне“ и ќе биде без присуство на медиумите. -По работниот викенд, ќе биде доставено соопштение од страна на Службата на Собранието до сите медиуми со информација за постигнатото, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери. мд/лв/  

Остани поврзан